
Неуморниот Лука
Лука е самостоен во извршување на личната хигиена со тоа што понекогаш е потребно да се насочи во извршување на истите. Поттикнување е потребно и во извршување на секојдневните активности. Работите кои ги сака или бара помош да ги направи ги покажува со рака. За време на пандемијата со Ковид 19 на Лука не му беше објаснета реалната состојба. Информациите кои стигнувале во однос на вирусот биле преку слушање на разговори кои биле водени во кругот на фамилијата или кажани на вести. Врз основа на тоа кај Лука не беше забележана промена во неговото однесување. Секојдневно ги извршуваше своите рутински потреби и активности како: гледање телевизија (емисии за готвење, рецепти и музички видеа), моја поддршка во готвењето, чистењето и средувањето на домот и дворот и сл. Наставата ја следеше онлајн и редовно беше вклучен во одговарање на зададените активности од училиштето. По завршување на наставата имавме прошетки во природа, возење велосипеди и дружење со негови другари (телефонски разговори и лични средби кога се олабавија мерките).
