StoryLiving

НИКОЛА ВО УЧИЛИШТЕ

Јас сум Никола. Во 8 часот треба да сум во училиште. Секој ден – од понеделник до петок.…

Јас сум Никола. Во 8 часот треба да сум во училиште. Секој ден – од понеделник до петок. Секој ден со мене е наставничката Соња. Таа не учи и ни помага да завршиме со секоја задача. Доколку се чувствувам изморен и кажува на наставничката дека ми е потребна мала пауза и одам 5 минути во дворот да одморам. По 5 минути пауза се враќам кај наставничката во училница. На часовите седам во својата клупа и ги учам буквите, се додека наставничката не ми каже дека е време за пауза.  Во 9 часот е време за ужинка. Можам да си го изедам оброкот што ми го подготви мама од дома и да го испијам мојот сок. На часовите седам во својата клупа и учам да бројам, се додека наставничката не ми каже дека е време за да одиме на пауза. На часот по физичко играм фудбал, се лизгам со Матеј и правам вежби за моето тело со сите деца. На часот по музичко ги пеам песничките заедно со Андреј и Дина. Во 14 часот е време да си одиме дома. Сите заедно излегуваме со наставничката и се качуваме во автобусот. Кога се симнувам се поздравувам со другарчињата и им велам ЧАО! Остатокот од денот го поминувам со моето семејство. 

Искуството на родителите:

Никола е во второ одделение, но поради пандемијата му беше отежната адаптацијата за почнување на посета во училиштето. Никола оваа учебна година започна да го посетува редовното училиште, но со придружба – образовен асистент, како и со поддршка во ресурсен центар во доменот на сензорна интеграција и стимулација како и предучилишна индивидуална подготовка и поддршка. Со оглед дека Никола е дете кое манифестира однесување од аутистичниот спектар, знаевме дека сака строго утврден распоред на денот и утврдени и повторливи активности, па одлучивме дека е одличен избор – Storyteling  за него, со цел адаптација во училиштето. Две недели Никола само го гледаше видеото кое е пропратено со текст но и аудитивна поддршка на истиот и во училиште и дома, на својот таблет. По две недели, направивме слики кои се дел од видеото и секвенциски го поделивме видеото креирајќи и визуелен распоред. Кај Никола се забележува огромен напредов во поглед на адаптацијата и престојот во училиште, како и намалување на неадаптивното однесување кое го манифестираше.

Во целиот процес беа вклучени терапевтот по сензорна интеграција и стимулација – кој е и носител на целиот процес, родителите и образовниот асистент.