Lite it up BLUE
Ерато Нора е 16 годишна девојка со аутустучен спектар на нарушувања за чија приказна медиум е нејзиниот родител Зоран. Таа има голема поддршка во нејзиниот живот од нејзините родители и сестра.
За време на пандемијата со Ковид 19, Ерато Нора била ученик во 8 мо одделение во редовно основно училиште каде во текот на наставата била придружувана од асистент. Пандемијата со Ковид 19 влијаела збунувачки врз целокупното семејство затоа што не знаеле што ќе се случи следно. Се изолирале од пријателите и поширокото семејство во својот дом како и сите други. Бидејќи одењето во училиште било прекинато Ерато Нора се чувствувала несигурно и анксиозно. Во текот на пандемијата кај Ерато Нора се забележал регрес (изостанување на зборови кои и претходно едвај ги користела). Престанала да ги прави вообичаените и секојдневни активности како земање слатки од кујната. Се затворила во себе и не се обидувала ниту да стане од столот во дневната. И покрај тоа што имале дозвола да излезат надвор на прошетка за време на карантинскиот период, Ерато Нора не се чувствувала убаво заради тоа што немало никој на улица а не било дозволено ниту прегрнувањето со познати лица од претходно.
Позитивно е тоа што за време на пандемијата редовно ги извршувала зададените училишни домашни задачи и ги прифатила лесно новите хигиенски навики – редовна дезинфекција на рацете и носење маска.